Трпен Марков (1879, Вишени - 21 септември 1903, Пловдив) — македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Трпен Марков
Роден 1879
Вишени, Костурско денес Грција
Починал 21 септември 1903
Пловдив, Бугарија
Спомен плоча на Малотрновскиот комитет на ВМОРО со името на Димитар (Трпен) Марков

Животопис

уреди

Трпен Марков е роден во 1879 година во селото Вишени, Костурско, тогаш во Отоманското Царство, денес во Егејска Македонија, Грција, во семејството на Дамјан Марков - кмет на Вишени, претседател на вишенскиот револуционерен комитет, а подоцна и член на Костурскиот околиски комитет на Македонската револуционерна организација. Учел во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а подоцна завршил Битолската машка егзархиска гимназија. Во Битола застанал на чело на револуционерен кружок во кој влегувале Георги Баждаров, Андреј Кезепов, Георги Христов и Георги Тодоров [1][2].

По завршувањето работел како учител и станал член на Организацијата, но поради револуционерната дејност бил уапсен и затворен. Сепак, успеал да избега и во октомври 1902 година се преселил во Источна Тракија, односно во Одринскиот револуционерен округ, под името Димитар Врбанов и работел како учител во Мало Трново, каде што ја продолжил револуционерната дејност и станал член на Малотрновскиот околиски револуционерен комитет.

Умрел во Пловдив во 1903 година [3].

Извори

уреди
  1. Баждаров, Георги. Моите спомени
  2. Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 136.
  3. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 99.

Поврзано

уреди