Секирани

село во Општина Битола

Секирани — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Секирани
Секирани во рамките на Македонија
Секирани
Местоположба на Секирани во Македонија
Секирани на карта

Карта

Координати 41°7′20″N 21°15′55″E / 41.12222° СГШ; 21.26528° ИГД / 41.12222; 21.26528
Општина Битола
Население 74 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 02106
Надм. вис. 614 м
Секирани на општинската карта

Атарот на Секирани во рамките на општината
Секирани на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во Битолското Поле, од десната страна на реката Шемница, оддалечено 15 километри северно од Битола.

Историја

уреди

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[2]

Стопанство

уреди

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948268—    
1953314+17.2%
1961372+18.5%
1971344−7.5%
1981395+14.8%
ГодинаНас.±%
1991142−64.1%
1994126−11.3%
2002114−9.5%
202174−35.1%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Секирани живееле 160 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Секирани имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Секирани се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 16 куќи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]

Според пописот од 2002 година, селото Секирани брои 114 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 74 жители, од кои 72 Македонци и 2 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 160 120 268 314 372 344 395 142 126 114 74
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

уреди

Секирани е македонско село.

Родови во Секирани се:

  • Староседелци: Гушевци (5 куќи), Калајџиовци (2 куќи) и Димчевци (2 куќи)
  • Доселеници: Сиљановци (8 куќи) доселени се од селото Обедник во Железник, кое во 1912 година е затекнато како албанско; Драгарци (4 куќи) доселени се од селото Драгарино; Шалевци (5 куќи) доселени се од соседното село Габаловци, и таму се доселени однекаде; Стојановци (4 куќи) доселени се на крајот од XIX век од раселеното село Кочишта; Штерјовци (1 куќа) доселени се од селото Лисолај; Трајковци (1 куќа) доселени се од некое прилепско село; Кочиштани (3 куќи) доселени се од раселеното село Кочишта; Чагорци (1 куќа) доселени се во 1926 година од селото Чагор.[13]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 199 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 100 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

уреди

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 238.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 16.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

уреди