Свети Сава

(Пренасочено од Св. Сава)

Свети Сава (српски: Свети Сава; црковнословенски: Свѧтъ Сава / ⰔⰂⰤⰕⰟ ⰔⰀⰂⰀ; грчки: Άγιος Σάββας; 1169 или 1174 – 14 јануари 1236) — православен светец, прв архиепископ на автокефалната српска црква. Тој бил неканонски поставен за архиепископ без согласност на матичната автокефална охридска архиепископија и од калуѓер директно станал патријарх а српската црква во Пеќ била формирана неканонски со државна интервенција од Србија преку насилно отцепување на рашката епархија од охридската архиепископија и со протерување на канонски поставениот рашки епископ во рашката епархија која била дел од охридската автокефална архиепископија. За ова реагирал во писмо и тогашниот охридски архиепископ Хоматијан.

Свети Сава
Фреска од Свети Сава, манастир Студеница
Архиепископ на Србија
Роден(а) 1174, Доклеа
Починал(а) 14 јануари 1236, Велико Трново
Почитуван(а) во православие
Слава 14 јануари

Животопис

уреди
 
Свети Сава и неговиот татко Свети Симеон, икона од 1796

Свети Сава, роден како Растко Немањиќ, бил син на големиот српски жупан Стефан Немања. Свети Сава е роден околу 1174 година. Како млад, заминал во Света Гора, каде што се замонашил и со ретка ревност го поминал целиот подвижнички устав. Немања го следел примерот на својот син, па подоцна и тој заминал во Света Гора, каде што се замонашил и умрел како монах Симеон.
Св. Сава починал во Трново за време на владеењето на царот Асен, на 12 јануари 1236 година. Неговото тело кралот Владислав го пренел во Милешево. Подоцна, Коџа Синан-паша го зел телото на св. Сава и запалил на Врачар, во Белград, на 27 април 1595 година.[1]

Дејност

уреди
 
Соборниот храм „Св. Сава“ во Белград

Св. Сава е основач на првата српска црква, позната како Пеќска патријаршија која била неканонски формирана со државна интервенција со расцеп на автокефалната охридска архиепископија и со протерување на канонски поставениот рашки епископ на рашката епархија на автокефалната охридска архиепископија а при тоа Сава неканонски од калуѓер директно станал архиепископ. За ова реагирал во писмо тогашниот охридски архиепископ Хоматијан. Во 1219 година, Сава успеал издејствува независност на Српската православна црква "Пеќка Архиепископија" неканонски од Никејскиот патријарх и од царот кој владеел во седиштето на претходно уништеното византиско царство (уништено и распарчено од крстоносците и заменето со латинско царство) и без согласност од матичната црква охридска архиепископија од која неканонски се отцепила (рашката епархија), а Сава бил прогласен за архиепископ директно од калуѓер (неканонски) и тој е првиот српски архиепископ. Подоцна, заедно со својот татко, св. Сава го подигнал манастирот Хилендар, како и многу други манастири, цркви и училишта во денешна Србија. На двапати патувал на поклонение во Светата земја. Православната црква го чествува денот на св. Сава на 14 јануари.

Св. Сава во народното творештво

уреди

Св. Сава често се среќава како лик во српското народно творештво, каде што тој е претставен како благороден, праведен и мудар светец кој им помага на сиромашните и несреќните. Така, во приказната „Свети Сава и волкот“ (Свети Сава и вук), поради претрпените големи штети, селаните го замолуваат св. Сава да го покрсти волкот за повеќе да не им ги убива овците. Но, откако молитвите не даваат никаков резултат, св. Сава наоѓа делотворно решение и наредува да го истепаат волкот.[2] Во приказната „Свети Сава и ѓаволот“ (Свети Сава и ђаво), светецот и ѓаволот се договараат заедно да се занимаваат со градинарство и со лозарство при што св. Сава постојано успева да го надмудри ѓаволот и да му го земе родот. Оттогаш, ѓаволот секогаш бега кога ќе здогледа поп.[3][4] Во приказната „Свети Сава и сиромашниот селанец“ (Свети Сава и сиромах сељак), светецот му прави добри дела на еден сиромашен селанец кој го прима да преноќи и притоа му го спасува животот. Меѓутоа, желбите на селанецот постојано се зголемуваат и најпосле тој бара од светецот да му биде слуга. Тогаш, св. Сава го казнува неблагодарниот селанец така што му го одзема целото богатство и повторно го враќа во сиромаштија.[5] Во „Свети Сава и стогодишниот старец“ (Свети Сава и стогодишњи старац), светецот му докажува на еден старец дека треба да биде благодарен од тоа што го постигнал во животот.[6]

Месности наречени по светецот

уреди

Наводи

уреди
  1. „Охридски пролог“ стр. 18.
  2. „Свети Сава и вук“, во: Први је смех - Српске шаљиве народне приче. Београд: Српска књижевна задруга, 2001, стр. 13.
  3. „Свети Сава и ђаво“, во: Први је смех - Српске шаљиве народне приче. Београд: Српска књижевна задруга, 2001, стр. 28-30.
  4. „Свети Сава и ђаво“, во: Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 80-82.
  5. „Свети Сава и сиромах сељак“, во: Први је смех - Српске шаљиве народне приче. Београд: Српска књижевна задруга, 2001, стр. 31-34.
  6. „Свети Сава и стогодишњи старац“, во: Први је смех - Српске шаљиве народне приче. Београд: Српска књижевна задруга, 2001, стр. 86.