Светец

личност со исклучителна благочестивост и доблест

Светец или светител (ж. светица, светителка[1]) — поим во христијанството што опишува човек, кого смета за пример за исклучителна верска доблест и светост. Постои разлика во употребата во зависност од различните христијански деноминации. Зборот потекнува од грчкиот збор άγιος (се чита: агиос) што значи „свети“ или „светец“, а во Новиот завет овој збор се користи за да се опишат следбениците на Исус од Назарет. Со развојот на христијанството, значењето на зборот се променило и често се користи за ознака на одредени личности кои претставуваат пример за следење во верата, кои се почитуваат како вдахновение за другите христијани.

Икона на сите светци.

Светците во средновековната латинска книжевност

уреди

Во средновековната црковна книжевност се истакнува големата моќ на светците од кои ѓаволите имаат голем страв. На пример, во делото „Дијалози“, Григориј Велики раскажува како свети Фортунат го избркал ѓаволот од еден опседнат човек, по што ѓаволот скитал низ градските улици жалејќи се дека останал без засолниште. Григориј Турски ја наведува случката во која некоја жена не можела да се породи и ја испратила својата сестра да ја побара паганската божица Дијана; тогаш ѓаволот (зашто тој бил паганското божество) ја упатил на апостолот Андреја, т.е. ја признал моќта на светците.[2] Исто така, ѓаволот кој ја запоседнал ќерката на некој италијански херцог не сакал да излезе, барајќи да дојде св. Гал, а штом пристигнал, светецот го избркал ѓаволот (кој имал лик на врана) и го истерал во пеколот.[3] Во „Житието на св. Мартин“ (De vita beati Martini), Сулпициј Север пишува дека ѓаволот постојано го опседнувал св. Мартин, а еднаш се појавил во царска облека, претставувајќи се како Христос и барајќи светецот да му се поклони. Но, светецот не наседнал на итрината, па ѓаволот морал да си замине, оставајќи зад себе непријатен мирис во ќелијата.[4] Во друга прилика, св. Мартин го избркал ѓаволот од некој опседнат човек, но притоа не му дозволил да излезе од устата на опседнатиот, туку го натерал да се спушти во желудникот.[5] Во житието на св. Колумбан се наведува случката во која ѓаволот не ги слушал наредбите на светецот и не излегувал од човекот кого го опседнал, па св. Колумбан ја пикнал раката во устата на човекот и го извлекол ѓаволот кој испуштал голема смрдеа.[6]

Во своето дело „Дијалог за чудата“, Цезариј од Хајстербах наведува примери во кои светците понекогаш се служат и со човечки средства за да ги вразумат непослушните верници. На пример, на некој големец кој бил виновен за палењето на храмот, во сонот му се јавил св. Аустригизил кој му удрил толку силна шлаканица, што му останала модринка. Кога се разбудил, големецот им раскажал на слугите за случката и потоа умрел; слично постапил и св. Никита од Лион: кога по неговата смрт се утврдило дека не му оставил никаков имот на манастирот во кој умрел, некој свештеник го обивнил за тоа, а светецот му се јавил во сонот и го истепал; свети Криспин и Криспинијан му се јавиле на епископот виновен за уништувањето на опатијата изградена над нивните гробови и му ги скинале десната рака и нога и тој умрел; на некој бонски свештеник со име Јован, кој никогаш не ја наведнувал главата пред олтарот, ноќе му се јавил св. Јован Крстител и силно го удрил со ногата в стомак, а оттогаш свештенико почнал да боледува; четирите свети патрони на манастирот во Суасон му се јавиле на сон на латариншкиот херцог и го истепале, а тој се разбудил целиот во модринки;[7]

Во делото „Пофалба на глупоста“, Еразмо Ротердамски ја исмејува праксата секоја област да почитува посебен светец или на секој светец да му се припишува некое посебно својство (некој се грижи за родилките, некој за морнарите, некој ја намалува болката, итн.).[8]

Светците како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Светците се јавуваат како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:

  • „Светецот и грешникот“ — басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[9]
  • „Светица“ — расказ на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес.[10]
  • Ноќта на свети Лоренцо“ — италијански филм од 1981 година, во режија на браќата Тавијани.
  • Светци (англиски: The Saints) — австралиска панк-рок група, основана во 1973 година.[11]
  • Бледи светци“ (англиски: Pale Saints) — британската рок-група, основана во 1987 година.[12]
  • Светци (англиски: The Saints) — британски музички продуценти.[13]
  • Светци од Јута (англиски: Utah Saints) — британска електронска група од 1990-тите.[14]
  • Св. Винсент (англиски: St. Vincent) — американска музичарка.[15]
  • Сите светци (англиски: All Saints) — британска поп-група, основана во 1993 година.[16]
  • „Светци“ (англиски: Saints) — песна на американската рок група Бридерс (The Breeders) од 1993 година.[17]
  • „Држи сè до св. Кристофер“ (англиски: Hang On St Christopher) — песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1987 година.[18]
  • „Светците доаѓаат“ (англиски: The Saints Are Coming) — песна од истоимениот музички албум на шкотската рок-група Скидс од 1979 година.[19]

Наводи

уреди
  1. „светец“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 291-293.
  3. Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 387.
  4. Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 358.
  5. Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 389.
  6. Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 388.
  7. Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 312-313.
  8. Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 52.
  9. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 82.
  10. Габриел Гарсија Маркес, Дванаесет искушенија. Скопје: Три, 2008.
  11. The Saints (2) (пристапено на 4.12.2023)
  12. DISCOGS, Pale Saints (пристапено на 8.6.2023)
  13. The Saints (пристапено на 3.3.2024)
  14. Utah Saints (пристапено на 3.3.2024)
  15. DISCOGS, St. Vincent (пристапено на 15.4.2021)
  16. All Saints (пристапено на 3.3.2024)
  17. Discogs, The Breeders ‎– Last Splash (пристапено на 24.8.2020)
  18. DISCOGS, Tom Waits ‎– Franks Wild Years (пристапено на 20.7.2019)
  19. Skids – Scared To Dance (пристапено на 4.12.2023)