Roxy Music

англиска арт рок група основана во 1970
(Пренасочено од Рокси мјузик)

Roxy Music ― англиска рок група основана во 1970 година од страна на главниот вокал и текстописец Брајан Фери и басистот Греам Симпсон. Подоцна кон групата се придружиле саксофонистот и обоист Енди Мекеј, гитаристот Фил Манзанера, тапанарот Пол Томпсон и клавијатуристот Брајан Ино. Симпсон си заминал непосредно пред објавувањето на нивниот прв албум во 1972 година. Фери, Мекеј и Манзенера останале како членови на групата во целокупнотот нејзино постоење. Томпсон ја напуштил во 1979 година и повторно се приклучил во 2001 година. Други членови биле клавијатуристот и виолинист Еди Џобсон (кој го замени Ино во 1973 година) и басистот Џон Густафсон. Групата се разделила во 1976 година, повторно се обединиле во 1978 година и повторно се разделиле во 1983 година. Во 2001 година, Фери, Мекеј, Манзанера и Томпсон уште еднаш се обединиле за концертна турнеја и оттогаш повремено оделе на турнеи, а последен пат во 2022 година за да ја прослават 50-годишнината од нивниот прв албум.[11] Брајан Фери, за време на неговата соло кариера, исто така, често ангажирал членови од групата како сесиски музичари.

Roxy Music
Roxy Music во 1973. Од лево на десно: Еди Џобсон, Пол Томпсон, Фил Манзанера, Брајан Фери, Сал Маида, Енди Мекеј
Животописни податоци
ПотеклоДарам/Лондон, Англија
Жанрови
Период на активност
  • 1970–1976
  • 1978–1983
  • 2001–2011
  • 2022–денес
Издавачи
Мреж. местоroxymusic.co.uk

Во текот на 1970-тите, Roxy Music станала популарна група во Европа и Австралија. Популарноста започнала по објавувањето на нивниот прв албум во 1972 година.[12] Групата била пионер во употребата на неколку музички софистицирани глам-рок елементи, и истовремено значително влијаела на раната англиска панк музика.[13] Со иновативните елементи на електронската композиција, групата била модел за многу њу-вејв изведувачи. Последниот студиски албум на Roxy Music бил Авалон (1982). Со овој албум успеале да се пробијат во Соединетите Американски Држави, каде што претходните десет години имале статус на умерено успешен култен бенд.[14]

Вон групата, Фери и Ино имале исклучителни соло кариери, а Ино станал еден од најзначајните британски музички продуценти од крајот на 20 век. Во 2019 година, Roxy Music биле примени во Куќата на славата на рокенролот.[15] [16]

Историја

уреди

Стил

уреди

На стилот на Roxy Music на почетокот силно влијаело уметничкото образование на сите нејзини основачки членови. Фери, Мекеј и Ино студирале на истакнати уметнички колеџи во Обединетото Кралство во време кога овие институции почнале повеќе да се насочуваат кон поновите случувања во уметноста, најмногу од нив кон поп-артот и истражувале нови концепти како кибернетика. Писателот Мајкл Брејсвел во неговата книга Рокси: Групата која пронајде ера навел дека Фери, Мекеј и Ино експресно ја основале Roxy Music како средство за комбинирање на нивните заеднички интереси во музиката, модерната уметност и модата.

Roxy Music била под влијание на други музичари од тоа време, како: Битлси, the Kinks, Ролинг Стоунс, Дејвид Боуви, Елтон Џон, the Animals, Пинк Флојд, King Crimson, Џими Хендрикс, Velvet Underground и The Who, а исто така од американски рокенрол изведувачи и жанрови како Елвис Присли и Motown. Фери изјавил дека уникатниот звук на Roxy Music доаѓа како резултат на разновидните и сложени музички средини на членовите на групата. [17] [18]

Roxy Music била една од првите рок групи кои креирале внимателно одбран стил кој ги опфаќал нивната сценска презентација, музичките спотови, дизајнот на обвивките на албумите и сингловите и промотивните материјали како постери, картички и беџови. Во тоа им помогнале многу нивни пријатели и соработници, особено модниот дизајнер Ентони Прајс, фризерскиот стилист Кит Мејнваринг, фотографот Карл Стокер, „ПР консултантот“ на групата Сајмон Паксли (поранешен универзитетски пријател на Мекеј) и соученикот на Фери во уметничкото училиште Николас Де Вил.

Оставштина и влијание

уреди

Во 2005 година, Тим де Лисл од Гардијан напошал дека по Битлси, Roxy Music се втор највлијателен британски бенд. Во 2019 година, Економист, исто така, ги опишал како „најдобриот британски арт-рок бенд по Битлси“, и напишал дека „меѓу англиските рок-изведувачи од тоа време, нивниот авануристички дух и нивното влијание“ биле „надминати само“ од Дејвид Боуви.[19] Самиот Боуви рекол дека Roxy Music се една од неговите омилени британски групи.

Звукот и визуелниот стил на Roxy Music се смета дека имаат исклучително влијание врз подоцнежните жанрови и субкултури како електронската музика, панк рокот, диско музиката, нов бран музиката и новиот романтизам.[20] [21] [22] Музичари кои навеле дека се под влијание или црпат инспирација од Roxy Music се Нил Роџерс, Siouxsie and the Banshees, Дуран Дуран, У2, The Smiths, Spandau Ballet, Radiohead, Scissor Sisters, Talking Heads, Имоген Хеп, Goldfrapp, Sex Pistols, the Human League, Todd Terje и Franz Ferdinand. [20] [21] [22]

Дискографија

уреди

Студиски албуми

  • Roxy Music (1972)
  • For Your Pleasure (1973)
  • Stranded (1973)
  • Country Life (1974)
  • Siren (1975)
  • Manifesto (1979)
  • Flesh and Blood (1980)
  • Avalon (1982)

Наводи

уреди
  1. "Roxy Music: Biography". Stephen Thomas Erlewine. AllMusic. Accessed 3 March 2010.
  2. Boyd, Brian (23 May 2014). „And on the seventh day, Eno released a not-very-good album. Hallelujah!“. The Irish Times. Посетено на 28 April 2016.
  3. Ray, Michael, уред. (2012). Disco, punk, new wave, heavy metal, and more: Music in the 1970s and 1980s. Rosen Education Service. стр. 107. ISBN 978-1615309085.
  4. Reynolds, Simon."Roxy Music: The Band That Broke the Sound Barrier." The Guardian. 1 September 2012.
  5. Lester, Paul (11 June 2015). „Franz and Sparks: this town is big enough for both of us“. The Guardian.
  6. „Let These Vintage Roxy Music Tracks From This Day in 1983 Start Your Long Weekend“. Paste. 25 May 2018.
  7. de Visé, Daniel. „Thirteen New Wave Album Classics“. AllMusic. Посетено на May 7, 2023.
  8. LaMoury, Adrian (2018-02-23). „Roxy Music's For Your Pleasure“. FelixOnline.
  9. „Bryan Ferry, Channeling Bob Dylan“. NPR. 5 July 2007.
  10. Jenkins, Jake (30 July 2021). „Sophisti-pop: The '80s' Most Elegant Genre“. Sweetwater. Посетено на 13 September 2022.
  11. Празен навод (help)
  12. Prendergast, Mark (2001). The Ambient Century: From Mahler to Trance: The Evolution of Sound in the Electronic Age. Bloomsbury Publishing. стр. 119. ISBN 1-58234-134-6.
  13. More Than This: The Story of Roxy Music, Eagle Rock, October 2009.
  14. de Lisle, Tim (20 May 2005). „Roxy is the drug“. The Guardian. London. Посетено на 20 November 2016.
  15. „CLASS OF 2019 NOMINEES“. 5 October 2018.
  16. Sisario, Ben (13 December 2018). „Janet Jackson and Radiohead Lead Rock & Roll Hall of Fame Class of 2019“. The New York Times. Посетено на 13 December 2018.
  17. „Bryan Ferry on how Roxy Music invented art pop: 'We were game for anything'. The Guardian. 1 February 2018. Посетено на 28 February 2020.
  18. „Roxy Music: the band that broke the sound barrier“. The Guardian. 2 September 2012. Посетено на 28 February 2020.
  19. „How Roxy Music helped define generations of pop“. The Economist. 19 March 2019. Посетено на 17 August 2020.
  20. 20,0 20,1 „The Guide to Getting into Roxy Music“. Vice.com. 17 May 2018. Посетено на 18 August 2019.
  21. 21,0 21,1 „5 Reasons Roxy Music Should Be In The Rock & Roll Hall Of Fame“. Ultimate Classic Rock. Посетено на 18 August 2019.
  22. 22,0 22,1 „How Roxy Music helped define generations of pop“. The Economist. 19 March 2019. Посетено на 19 August 2019.

Надворешни врски

уреди