Мустафа Берклиџе ― водач на востанието во малоазиската област Ајдин, со базично упориште во Карабурн (на полуостровот Урла, североисточно од Измир), избувнато кон средината на 1416 година.[1]

Тоа претставувало значаен дел од поширокото востание под Бедрединовото идеолошко и политичко раководство, а кое зафатило големи простори во Румелија и Анадол, засегајќи ја Македонија. Примитивно егалистичката идеја на Берклиџевото движење за заедничко поседување на имотот и на средствата за живот (се освен жените е заедничко), успеала да привлече многу приврзаници сред сиромашните слоеви на населението. Востаничките редови нараснале на неколку илјади луѓе. Против нив биле упатени три воени експедиции. Првите две претрпеле неуспех, но третата во крв го задушила востанието. Фатениот Мустафа Берклиџе, бил исечен на парчиња. Жестокоста на султановата војска, составена од анадолски и румелиски трупи, уследила и поради отпадништвото на нивниот водач од ортодоксниот ислам. Тој се застапувал за верска толеранција, за еднаквост и рамноправност меѓу муслиманите и христијаните и слично.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 69. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)