Меѓународен математички сојуз
Меѓународнен математички сојуз или ММС (англиски: International Mathematical Union, IMU) — меѓународна невладина организација посветена на соработка помеѓу земјите на полето на математиката. Организацијата е членка на Меѓународниот совет за наука (ICSU) и пружа поддршка на Меѓународниот конгрес на математичарите. Во неа членуваат математички организации од 65 земји. Основана е во 1919 г., но распуштена во 1936 и повторно заживеана во 1951 г. Во 2010 г. Берлин е избран за постојано седиште на организацијата.
International Mathematical Union | |
Логото на ММС по пример на Боромејските прстени | |
Цел | меѓународна соработка во математиката |
---|---|
Место | IMU Secretariat, Markgrafenstr.32, D-10117 Берлин, Германија |
Претседател | Ингрид Добеши |
Матична организација | Меѓународен совет за наука |
Мреж. место | mathunion.org |
Наградна дејност
уредиНа своите заседанија (еднаш на четири години), сојузот ја доделува врвната математичка награда „Филдсов медал“ за млади успешни математичари со извонредни придонеси за математиката.
Членки
уреди- Земји-членки:
- Придружни членови:
- Екваторско математичко друштво (SEdeM)
- Математичко друштво на Киргистан
- Математичко здружение на Кенија (MAK)
- Математичко здружение на Тајланд - Центар за унапредување на математичкото истражување на Тајланд (CEPMART)
- Подружни членови:
- Африкански математички сојуз (AMU)
- Европско математичко друштво (EMS)
- Математички сојуз на Латинска Америка и Карибите (UMALCA)
- Кандидати за членство:
Наводи
уреди- Mathematics without borders, Olli Lehto (Springer, 1988)
Надворешни врски
уреди- Меѓународен математичка сојуз (англиски)