Банат е географски регион, административно поделен помеѓу Србија, Романија и Унгарија. Историска престолнина на Банат е Темишвар, кој денес се наоѓа во Романија. Српскиот дел на Банат воглавно е сместен во Автономната Покраина Војводина, додека југозападниот дел на Банат (познат како Панчевачки рит) административно припаѓа на белградската општина Палилула. На територија на Војводина, Банат е административно поделен на три округа: севернобанатски, среднобанатски и јужнобанатски. Најголем град на српскиот Банат е Зрењанин (76.511 жители по пописот од 2011 година).

Банат
Мапа на Банат во географски граници со приказ на поголемите градови.
Мапа на Банат во географски граници со приказ на поголемите градови.
Мапа на Банат во географски граници со приказ на поголемите градови.
Mестоположба
Општи податоци
Име Банат
Управа
Земја  Романија
 Србија
 Унгарија
Географија
Население
Население 1.011.145 (во Романија)
665.397 (во Србија) жители
година:
Окрузи и географски региони во Војводина
Сателитска снимка на Банат

Банат го добил името по титулата бан, а "банати" се нарекувале сите погранични унгарски земји, со који владееле банови. Под Турците сити "банати" пропаднале освен оној во Хрватска, каде банот се сочувал. Српскиот Банат го добил името по историската покраина наречена Тамишки Банат, односно Темишварски Банат. Поимот е установен во своето полно значење дури во текот на 18 век, поточно во 1718 година од Пожаревачкиот мира.[1] Сè до тогаш, за просторот кој го зафаќале Мориш, Тиса и Дунав се употребувале различни називи, според управните единици на тоа подрачје. Во текот на доцниот средновековен период, за време на унгарска власт, просторот помеѓу Моришаѓ, Тиса и Дунав описно бил нарекуван "Тамишка област", на унгарски: Temesköz. За време на турската власт во употреба бил називот Темишварски ејалет (пашалук). Во текот на 16 и 17 век, источните области околу Лугош и Карансебеш припаѓале на Лугошката и карансебешката бановина која била под врховна власт на трансилванските кнезови. За споменатата бановина во службена преписка на латински јазик бил употребуван поимот "banatus" така да пд аголот на угла трансилванските кнезови целата погранична област кон југозапад била наречена "банат". Дури по протерувањата на Турците (1716) овој поим се установил и проширил на целокупното подрачје помеѓу Мориш, Тиса и Дунав.

Географија

уреди

Српски Банат

уреди

Во Србија, географското подрачје на Банат е поделено помеѓу 4 округа:

Српскиот Банат во голем дел е во состав на Војводина, а ограничен е со течението на Тиса на запад, Дунав на југ, српско-унгарската граница на север и српско-романската на исток. Релјефот на Банат е монотон со исклучок на неколкуте морфолошки целини:

  1. Вршачките планини (641 м.н.в.), го вклучуваат Гудуричкиот врв, највисоката кота на Војводина. Тие се најстари дел од Српскиот Банат. Припаѓаат на Панонидите и претставуваат заостанат дел од панонската маса на површината. Вршачките планини претставуаат тип на хорст планина која во средишниот дел е изградена од гнајс (кристалести шкрилци) кои се пробиени со гранити. Нејзиниот раб е прекриен со неогени езерским седименти, пескок и глина.
  2. Белоцркванска котлина, се наоѓа јужно од Вршац и е формирана кон крајот на неогенот.
  3. Источнобанатската утолеглица, се простира северно од Вршац, сè до Темишвар, претставува плитка потолина спуштена по должината на раседот на чии повисоки страни почнале да се формираат првите песочни акумулативни форми, претходница е на денешното Делиблатско Песочиште.
  4. Делиблатско (Големо) Песочиште (македонски јазик Делиблатско (Големо) песочиште), претставува една од најголемите европски песочишта акумулација со површина од 300 км2. Акумулацијата на песок почнала во времето младата ришка глацијација, по исчезнување на Панонското Море (во тоа време езера) и воспоставување на текот на Дунав во низината. Како пречка за навејување на песокот послужила Банатската греда. Изгледот на песочиштето не наликува на пустинските пејзажи како инаку гизамислуваат неупатените. Песочиштето е култивирано, пошумено, па песокот е умртвен за да не би го разнесувал ветерот и на тој начин би ги менувал релјефот. Банатското Песочиште се наоѓа во југоисточниот Банат, се протега од југоисток кон северозапад скоро 60 км, а омеѓена е со алувијалната рамнина на Дунав на југоисток и Тамиш на северозапад, како и населбите Делиблато, Мраморак, Дубовац и Алибунар. Нејзината широчина изнесува 22 км. Надморските височини на песочиштето варираат помеѓу 120 и 240 м.н.в. Таа се снижува од југоисток кон северозапад бидејќи силата на Кошава ослабнува кон Бачка и Срем. Песошчиште во потесна смисла има дилжина од 38 км и широчинаод 11 км. Ја карактеризира брегаст релјеф со дини и меѓудински утолеглици. Правецот на дините се поклопува со правецот на простирање на песочиштето. Највисока дина се издигнува до 194 m надморска височина. Издувните долинки настанале со делувањето на Кошава, а се јавуваат по дното на интерколинските вдлабнувања. Песокот од песочиштето е доста чист, а се состои од кварцевитни и лискуновити зрнца. За потеклото на песокот од песочиштето постојат различнит мислења. Јован Цвијиќ сметал дека песокот е издуван и донесен од дунавскиот нанос пред влезот во Ѓердапската клисура. Од друга страна, Б. Ж. Милојеви бил на мислење дека песокот потекнува од поплавувањата на карпатските реки на нивниот премин во Панонската низина.[2]
  5. Банатската лесна зарамнина,ја заобиколува Банатското Песочиште и претставува акумулација со лесна прашина, поситен и пофинг материјал од песок, кој поради помалата тежине, е носен подалеку од песокот од песочиштето и е таложен таму каде ослабнувала транспортната сила на ветрот.

Ромaнски Банат

уреди

Географското подрачје на романскиот Банат административно е поделено помеѓу жупанијата Тамиш, Караш-Северин, Арад и Мехединци.

Унгарски Банат

уреди

Унгарскиот дел на Банат административно припаѓа на жупанијата Чонград.

Клима

уреди

Банат се одликува со панонско степско-континентална клима. Јужниот Банат е потопол од северната половина на овој крај. Температурата преминува 40 °C, додека во Банатското песочиште достигнува дури и 60 °C зпоради загревањето на песокот. Во југоисточниот Банат годишно паѓа околу 700 mm талог, а во северозападниот Банат нешто помалку од (600–670 mm). Песочиштето прима највеќе талог (околу 550 mm годишно), па е суво. Во летната половина од годината во Банат дуваат северозападни и западни ветрови, а зимно време југоисточен ветер. Кошава е најчест и најсилен ветер и највеќе се чувствува во јужниот дел на регијата, помеѓу Дунав и Тамиш.[3]

Води

уреди

Со оглед на ниско и недисецирано земјиште, во Банат се јавуваат релативно поголем број на водотоци. Покрај Дунав и Тиса, најголеми банатски реки се: Тамиш, Златица, Караш, Брзава (канализирана) и Нера.

Тамиш
уреди

Долг е 440 км, и извира во Романија, а во Србија влегува кај Јаше Томиќ. На делот кој проаѓа низ Србија должината му изнесува 123 км. Тамиш посилно меандрира и се разлева. Во Дунав се влева на неколку места под разни имиња. Регулиран е и пред устието во Дунав е пловен. Овој тек ги пресекува лесните наслаги од Тамишкото лесно плато, изградил долинска рамнина, слегува во алувијалната рамнина на Дунав кај Баранда и до устието тече покрај одделот на лесна тераса. Низ Банат протекува и долна Брзава (168 км), лева притока на Тамиш. Брзава се влева во Тамиш кај Ботош и е канализирана.

Бегеј
уреди

Долг е 254 км и е лева притока на Тиса, во која се влева кај Тител. Бегеј извира во Романија, во Банатските планини. Поради малите падови ис илно колебливиот водостој, Бегеј порано посилно се разлевал по банатската рамница. Затоа покрај природниот тек (Стариот Бегеј) изграден е канал (Нов Бегеј) со должина од 114 км. Тој се простира до Темишвар, а неговата должина на територија на Србија изнесува 75 км. Покрај бегејскиот канал лежи најголемиот град во Банат - Зрењанин. Бегеј до Зрењанин го засекол коритото во лесна тераса, а низводно од овој град до устието го користи старото корито на Тиса. Бегеј на Тиса и дава просечно 50 m³ вода во секунда.

Златица
уреди

Долга е 117 км и доаѓа од Романија како Аранка, а во Тиса се влева кај Ада и Падеј.

Караш
уреди

Само во долиот тек тече низ крајниот југоисточен дел на Банат, и, кон Рама, се влева во Дунав. Уште пократка должина на српска територија има Нера, која е гранична река кон Романија во должина од 27 км. Двете реки извираат во Романија.

Езера

уреди

Некогаш во Банат постоеле многу езера, бари и мочуришта кои се исушени со мелиорациите изведени кон крајот на 18 век и со почетокот на 19 век. Поголеми езера има само јужно од Зрењанин. Тие се претворени во рибници. Постојат и неколку речнички езера покрај Тиса и Дунав. Рибниците Ечке опфаќаат неколку поголеми и повеќе помали езера, меѓу кои најголемо е Белото Езеро. Кај Русанда се наоѓа каливо езеро Русанда (1,2 км2) длабоко само 0,5 до 1,5 m, долго 4 км со дно прекриено со тиња со деблина од 1 m. Со вадење на чакал на неколку места во Банат создадени се поголеми вдлабнатини во кои изданските води образувале вештачки езера. Кај Вршаа се наоѓаат повеќе вакви вештачки езера. Вршачко езеро е долго 900 m, широко околу 300 m и длабоко 6 m. Кај Бела Црква се наоѓа мало вештачко езеро во некогашно место со чакал.

Северно од Банатското песочиште се протега големо Алибунарско мочуриште. После поголеми дождови , особено кога порасне нивото во Тамиш и го зајази отекувањето на Моравица, целото мочуриште станува поплавено.[3]

Историја

уреди

Рана историја

уреди
 
Златна чинија, пронајдена во Велико Свети Николе (македонски јазик Големо Свети Николе), со натпис во кој се споменуваат жупаните Бујла и Бута-ул

Индоевропските народи ја населиле територијата на денешниот Банат во три миграциски бранови кои се датираат во 4200, 3300 и 2800 година пред новата ера. Пред римското освојување во вториот век од новата ера, територијата на денешниот Банат ја населувале индоевропски народи од трачко (Агатирзи, Гети, Дачани) и келтско (Боји, Ерависци) потекло. Трачките народи се споменуваат во Банат од шестио век пред новата ера, а Келти од третиот век пред новата ера. Кон средината на првиот век пред новата ера, дошло до голема борба помеѓу Келтите и Дачаните, која ја предводил Буребиста. Борбата се одиграла на долна Тиса, а поразените Келти, по борбата, ги напуштиле овие краеви. По трачките Дачани подоцна е наречена римската провинција Дакија.

Со почеткот на вториот век од новата ера, за време на владеењето на царот Трајан (98—117), поголем дел од Дакија ја покориле Римјаните. Во освоените области ја основале провинцијата Дакија Феликс (Dacia Felix) која го опфаќала и подрачјето на денешниот Банат. За време на владеењето на цар Хадријан (117—138) спроведена е реоганизација на провинциската управа. Подрачјето на денешен Банат тогаш припаѓало на провинцијата Гора Дакија (Dacia Superior) која по својот главен град Апулуму е нарекувана и Dacia Apulensis. Поради сè поголеми притисоци од страна на различни варварски народи, Римјаните биле приморани да ги напуштат своите дачки провинции за време на владеењето на царот Аурелијан (270—275). Тогаш е напуштено и подрачјето на денешниот Банат во кое Римјаните се задржале само неколку истурени претстражи на самиот лев брег на Дунав.

После заминувањето на Римјаните, на подрачјето на денешниот Банат се сменувале различни народи, од кои најпознати се иранските Сармати и германските Готи. Од сарматските племиња ко живееле на оваа подрачје, познати се Јазиги, Роксолани и Лимиганти. Околу 370 година, Готите ги покориле Јазигите, на који подоцна, во времето на хунското освојување, им се губи секаков траг. Бидејќи во 375 година упаднале во Европа, Хуните ја освојуваат готската држава и го заземаат Банат, ставајќи ги под својата власт племињата Готи и Сармати. Спасувајќи се пред Хуните, еден дел од Готите, до тогаш населени по северниот Банат, се пробиле преку Дунав и се населиле во Тракија.

По смртта на хунскиот водач Атила (453), антихунската коалиција на германските народи предводена од Гепидите и нивниот крал Ардорих, ја срушиле моќта на хунската држава во одлучувачката борба на реката Недао (454) за која се претпоставува дека се одиграла на подрачјето на Банат. Преживеаните хунски војници тогаш нашле спас во бекство кон бреговите на Црно Море. По победата над Хуните, Гепидите на оваа подрачје воспоставуваат своја држава која во почетокот го опфаќала Банат и Трансилванија, а подоцна исто така и Бачка и Срем.

Гепидите владееле со Банат сè до 567 година, кога од исток се појавуваат Аварите, кои во сојуз со Лангобардите ги победиле Гепидите и го освоиле Банат, а потоа и цела Панонија. Франците во 796 година нанеле голем пораз на Аварите, кога италијанскиот крал Пипин, син на франачкиот крал Карло Велики, навлегол до аварската престолнина на Тиса и успеал да го совлада отпорот на Аварите и запленил непроценливо аварско богатство, кое тие го довлекувале од своите походи за ограбување. Во 8 или 9 век се споменуваат жупаните Бујла и Бута-ул, за ко се претпоставува дека како аварски или прабугарски големци владееле во областите Банат и Бачка.

Доселување на Словените

уреди

Словенските племиња се населиле на територијата на денешен Банат во текот на 6 и 7 век, пред преминувањето на Дунав и Сава и населувањето на Балканскиот Полуостров (Словените на територијата на Банат првпат се појавуваат во 4 век, додека првите масовни населувања се случуваат во почетокот на 6 век). Предците на овие Словени првобитно живееле некаде помеѓу Хуните и Гепидите, а по падот на гепидската држава, тргнале со Аварите кон запад и југ. Меѓу оваа словенска маса се наоѓале во најголем број предците на денешните Срби, кои, користејќи ја слабоста на Византија, до 8 век постепено го населиле Балканскиот Полуостров. На подрачје на денешниотБанат живееле Словенски племиња Бодриќи (Бодричи), Северани, Браничевци и Тимочани.

Во 9 век, по пропаста на Аварите, се јавуваат и првите форми на словенската државност на оваа подраче. Први словенски држави кои управувале со територијата на денешниот Банат биле Бугарското Царство и Велика Моравска, ( македонски јазик Голема Моравија). По записот на Унгарската историска хроника Геста Хунгарорум (Gesta Hungarorum), за време на бугарската управа (9 век), со територијата на Банат владеел бугарскиот војвода Глад, кој бил вазал на бугарскиот цар Симеон. Потомок на Глад бил банатскиот војвода Ахтум, последниот владетел кој се спротивставил на воспоставувањето на непосредната власт на Унгарското кралство во 11 век. Ахтум бил православен христијанин.

Унгарска управа

уреди
 
Жупании во јужна Унгарија околу 1370 година
 
Вршачка кула од 15 век
 
Приближна територија за која според различни извори е користен називот Расција (Rascia, Рашка, Racszag, Ráczország, Ratzenland, Rezenland) од 16 до 18 век

Со основање на Кралството Унгарија, Банат околу 1028 година, потпаѓа под унгарска власт. Населението на средновековната Унгарија било етнички мешовито и вклучувало: Кезуни, Унгари, Словени, Кумани, Саси, Секељи, Јаси, Власи, итн. Унгарците во почетокот го сочинувале владејачкиот слој на унгарското општество, додека кметовите биле воглавно Словени. Во тринаестиот век, на подрачјето на денешниот Банат се наоѓале следениве унгарски жупании: ковинска, крашовска, тамишка и чанадска.

Иако Србите на територијата на Банат биле дел од староседелските словенско население, поголем број на Срби почнале да се населуваат на оваа подрачје почнувајќи од четиринаесеттиот век. Непосредно пред отоманлиското освојување на овие простори, Србите сочинувале значаен дел од населението на денешниот Банат. Во првата половина на петнаесеттиот век, некои градови и места на територија на денешниот Банат биле во сопственост на српските деспоти Стефан Лазаревиќ и Ѓураѓ Бранковиќ. Во сопственост на Стефан Лазареви биле местата Бечеј (денес Нов Бечеј) и Велики Бечкерек –(македонски јазик Голем Бечкерек)- (денес Зрењанин). Овие места исто така биле во сопственост на Ѓураѓ Бранковиќ, кој, покрај наведените градови, во сопственост ги имал и местата Перлек, Арач, Вршац, итн.

Србите како мнознско население во Банат биле активен фактор во внатрешните случувања во Унгарското кралство. Нивното примање на христианството започнува во 10 век со крштевањето на војводата Ахтум по грчко-византиски обред, а веќе во следниот век се јавуваат првите отпори и побуни против обидите за латинизација. Помасовни населувања на Србите од југ во овие краеви започнале уште во времето на кралотЛудовик I во (1356 година), а продолжиле по Битката на Косово и во времето на владеењето на деспот Стефан Лазаревиќ и Ѓураѓ Бранковиќ, како и по падот на Смедерево во (1459 година). Како последица на турските освојувања, унгарскиот етнички елемент бргу исчезнал од подрачјето на Банат, а на нивното место се населиле Срби. Присуството на мнозинското српско население на оваа подрачје, е причина што во многу историски извори и мапи создадени помеѓу петнаесеттиот и осумнаесеттиот век на територија на денешниот Банат се споменува под името Расција (Рашка, Србија) и Мала Рашка (Мала Србија).

Цар Јован Ненад

уреди
 
Цар Јован Ненад, роден во Липова во севере Банат

Набргу по Мохачката битка во (1526 година) и воениот пораз кој на Унгарија и го направило Османлиското царство, на историска сцена излегува самопрогласениот српски цар, Јован Ненад. Со помош на војската првобитно составена од српски платеници, Јован Ненад воспоставил своја власт во Бачка, северен Банат и во дел од Срем и создава една минлива независна државу, чиј главен град била Суботица.

На врвот на моќта, Јован Ненад во Суботица се крунисал за српски цар. Оваа српска држава била со краток век. Унгарското племство се здружиле против Јован Ненад и ја победиле неговата војска во летото во 1527 година, а царот Јован Ненад бил убиен. Со текот на времето, цар Јован Ненад станал легендарна фигура за Србите. Многу историчари го сметаат за зачетникот на денешна Војводина, а во Суботица му е подигнат споменик со натпис: „Твоја мисао је победила“ -македонски јазик „Твојата мисла победила“- (ова се толкува како мисла за српска самостојност во денешна Војводина во однос на Унгарија). По пропаста на царевата држава, Бачка и делови од Банат со кои управуваа доаѓаат за кратко време повторно под унгарска управа, за да набргу дојдат под директна отоманска управа.

Османлиска управа

уреди

Предлошка:Посебна статија

 
Мехмед паша Соколовиќ, освојувач на Банат

Од 1552 до 1716 година, Банат бил под турско. Веќе при освојувањето на Темишвар во (1552) создаден е Темишварскиот пашалук кој бил поделен на санџаци, а санџаците на нахии. Банат за Турците го освоил муслиманскиот Србин Мехмед-паша Соколовиќ, а во неговата војска тогаш имало 8.000 јаничари и 100.000 акинџии, меѓу који и 20.000 Срби. Во очи на походот, Мехмед паша Соколовиќ издал проглас на Србите во Банат, напишан на кирилица на српски јазик, со кој на Србите им ветувал поволности, значајни ослободувања од давачки и даноци и полна заштита на имотот и животот.

Околу половината на 16 век западниот (рамен) Банат бил етнички доминантно српски, а источниот (планински) Банат доминантно романски. Србите претежно живееле во селата, додека градовите ги населувало етнички и верски мешано население, кое вклучувало Срби, муслимани (Турци, исламизирани Срби, Арапи),Роми, Грци, Цинцари, Евреи и други. Бечкерек (денешен Зрењанин) тогаш била едно од најзначајните населби во Банат, а поради заслугата која локалните бечкеречки Срби му ја направиле при освојувањето на Банат, Мехмед паша Соколовиќ го претворил овој град во своја задужбина (вакуф), а неговите жители ги ослободил од сите воени давачки.

По обновувањето на Српската патријаршија во 1557 година, која била издејствувана со заслуга на српскиот патријарх Макарије I, православните Срби од подрачјето на денешниот Банат потпаднале под нејзина јурисдикција. Српските патријарси тогаш носеле наслов: "патријарх на Србите, Бугарите, поморските и северните страни", а спомнувањето на северните страни се однесувал на сите области северно од Сава и Дунав, вкључувајќи го и Банат. За време на турска власт, на поширок простор на Банат делувале различни српски епархии, кои повремено се спојувани или разделувани, а меѓу нив се споменуваат: Вршачка, Темишварска, Липовска, Чанадска, Бечкеречка, Панчевачка и други.

Во втората половина на 16 век, источниот дел од денешниот Банат се наоѓал под врховната власт на Кнежевството Трансилванија, која на оваа подрачје организирала посебна погранична област позната како Лугошка и карансебешка бановина.

На почетокот на Втората војна (1593—1606) на подрачјето на Банат дошло до движења на православните Срби против турската власт. Истакната улогу во големото народно востание одиграл вршачкиот владика Теодор, кој во 1594 година учествувал во преговорите помеѓу српските востаници и власта во суседната Трансилванија. Турците се осветиле на Србите со спалување на моштите на Свети Сава. Иако се завршило со неуспех, востанието било едно од најголемите народни движења во српската историја.

Хабсбуршка управа

уреди

Предлошка:Посебна статија

 
Банат и Србија од 1718 до 1739 година
 
Српски населби во Банат во 1743 година
 
Статуа на војводата Стеван Шупљикац во Панчево
 
Етнички состав, според податоците од 1855 година
 
Војводство Србија и Тамишки Банат (1849–1860)

Откако Хабсбуршка монархија ги исфрлила Турците од Банат, победувајќи ги воено, воспоставен е Пожаревачкиот мир во(1718 година), според кој Банат станува имот на Хабсбуршката монархија. Банат тогаш е уреден како посебна воена провинција под името Тамишки Банат, и е поделен на 11 окрузи. Во 1751 година, Марија Терезија зема 8 (северни) окрузи од надлежност на воените власти, и воведува цивилна администрација, додека од останатите 3 (јужни) окрузи, подоцна (1768—1773 година) воспоставила банатска воена граница. Покраината Тамишки Банат е укината во 1778 година, а нејзината територија е приклучена кон Кралството Унгарска (во тоа време хабсбуршка провинција). Јужните делови на Банат останале во состав на воените граници сè до нејзиното укинување во 1873 година.

По развојачување на поморишките и потиските граници, многу Срби од тие простори се преселиле во Банат и се населиле во местата покрај Тиса. При создавањето на банатската воена граница, во нејзиниот состав не влегле северните делови на денешниот Банат, а Србите поради тоа биле незадоволни. За да го придуши незадоволството на Србите, кои не влегле во состав на границите Марија Терезија во 1774 година формирала Великокикиндски привилегиран диштрикт со седиште во Голема Кикинда, а диштриктот се состоел од 10 општини: Голема Кикинда, Башаид, Карлово, Кумане, Караш, Обилиќево (Јосефово), Српски Крстур, Врањево, Меленци и Мокрин. Овој диштрикт постоел сè до 1876 година. Во тоа време во Банат веќе се спроведувала силна колонизација на Германци. Покрај Германци, на подрачјето на Банат, потоа, се доселуваат и Унгарци, Словаци, Хрвати и други. Поради меѓусебните мешања на Срба и Романи, просторите на средниот Банат, кои до тогаш биле од мешан српско-романски карактер, добиваат претежно романски карактер.

Токму во Банат, Србите во 1790 година го одржале значајниот Темишварски собор на кој помеѓу останатото барале територијална самоуправа во оваа област. За време на австриската управа, Србите од подрачјето на Војводина и Банат оствариле црковна самостојност во рамки на Карловачката митрополија, која во 1848 година е издигната во ранг на патријаршија. Јурисдикцијата на митрополијата барала подрачје од Јадранското Море до Буковина и од Дунава и Сава до Горна Унгарија, а карловачкиот митрополит имал црковена власт над православните Срби, Романи, Грци и Цинцари, кои живееле во границите на Хабсбуршката монархија.

Во текот на 1848—1849 година, западниот дел од Банат бил во состав на Српската Војводина, а градовите Велики Бечкерек и Темишвар едно време служеле како престолнини на Српска Војводина.

Во ноември 1849 година, создадена е новата австриска покраина „Војводство Србија и Тамишки Банат“, која , покрај делови од Бачка и Срем, заземала и поголем дел од Банат (иземајќи ја воената граница). Главен град на покраината бил Темишвар. Оваа покраина е укината во 1860 година, потоа во 1873 година била развојачена банатската воена граница, а во 1876 година престанал да постои Великокикиндскиот привилегиран диштрикт, и целиот Банат е поделен на три жупании: торонталска, тамишка и крашовска и подреден е на централната државна унгарска управа. Од Австроунгарската нагодба (1867 година), Унгарија почнува да спроведува силна колонизација на Унгарците во Банат.

Демографија

уреди
 
Етничка мапа на српски Банат според пописот од 2002 година
Поврзано: Демографска историја на Банат

Српски Банат

уреди

Според пописот од 2002 година, населението од српскиот дел на Банат (со исклучок на неговио дел кој припаѓа на Београд) броело 616.202 жители, од кои:[4]

Во повеќето градови и општини на српскиот Банат мнозинско население се Срби. Унгарци сочинуваат мнозинско население во општината Чока (51,56%), а Словаци сочинуваат релативно етничко мнозинство во етнички мешовитата општина Ковачица (41,07%). Романци сочинуваат етничко мнозинство во некои населби, а Чеси во населбата Чешко Село.

Романски Банат

уреди

Во романскиот дел на Банат мнозинско население се Романци, но во некои општини мнозинството го сочинуваат и други народи (по пописот од 2002 година): Срби сочинуваат апсолутно мнозинство во општините Пожежена (52,09%) и Свињица (87,27%), а релативно мнозинство во општината Соколовац (49,54%); Хрвати (Крашовани) сочинуваат мнозинство во општините Крашова (84,60%) и Лупак (93,38%); Бугари сочинуваат мнозинство во општината Старо Бешеново (50,95%); додека Украинци сочинуваат мнозинство во општините Штука (63,65%) и Цопацеле (65,21%).[5]

Унгарски Банат

уреди

Во унгарскиот дел на Банат мнозинско население се Унгарци, но во некои села во регионот (Деска, Сириг, Сентиван) присутно е и српско малцинство.

Градови

уреди

Српски Банат

уреди

Најголеми градови во српскиот дел на Банат се (број на жители е искажан според податоците од пописот од 2002 година):

 
Зрењанин
Зрењанин
уреди

Според пописот од 2011 година во Зрењанин имало 76.511 жители. Овој град е најголем во регионот, а и стопански е центар во овој дел на Војводина. Се развил во важно сообраќајно средиште. Подигнат е на каналисан Бегеј. Во Зрењанин се развила индустрија за шекер, затоа што во околината на градот добро успева шекерна репка. Во него се наоѓаат фабрики за прозводство на скроб, потоа фабрика за масло, фабрика за сувомеснати производи, фабрика за преработка на кожа, индустрија за млечни производи, индустрија за пиво, индрустрија за земјоделски машини, индустрија за речни бродови итн.

 
Панчево
Панчево
уреди

Панчево е четврти град во Војводина по бројот на жители. Според конечните резултати од пописот на жители од 2011 година, во Панчево живеат 76.203 жители. Подигнат е на плодната лесна зарамнина, кај устието на пловниот Тамиш во Дунав. Во Панчево се налаоѓа фабрика за стакло, фабрика за светилки ("Никола Тесла"), предилница за памук, индустрија за свила итн. Фабриката за вештачко ѓубриво е најголем произведувач на азотно ѓубриво на Балканот. Исто така, таму се наоѓа и рафинерија за нафта. Во населби во околината на Панчево изградени се неколку индустриски објекти: голема скробара во Јабука (која после зрењанинската е втора во земјата), фабрика за гумарски машини во Качарево и др.

 
Вршац
Вршац
уреди

Според пописот од 2011 година имало 36 040 жители. Вршац е стара населба и познат лозарски центар со фабрики: за земјоделски (лозарски) машини, лекови, хемиски и козметички производи итн. Вршачките планини, кои значајно се разликуваат од останатиот дел на Банат, даваат градежен камен. Во близина на градот се наоѓа земјоделско добро „Вршачки виногради“ (македонски јазик „Вршачки лозја“, кое дава познато вино. Вршац исто така претставува центар на романското национално малцинство.

Кикинда
уреди
 
Кикинда

Според пописот од 2011 година во Кикинда имало 38 065 жители. Во околината на градот се одгледуваат житарици и индустриски растенија, бидејќи земјиштето е многу плодно и богато со хумус. Поради обилност од лековити билки (особено камилица) во околината на градот, во Кикинда е отворена сушара. Исто така, во Кикинда постои земјоделски комбинат, леарница за железо и темпера, фабрика за шпорети и печки итн. Крај Кикинда се наоѓа една од најголемите циглани и ќерамидници. Ист така, во оваа место постојат бројни нафтени дупнатини.

Романски Банат

уреди

Најголеми градови во романскиот дел на Банат се (број на искажан е според проценката од 2009 година): [1]

Унарски Банат

уреди

Единствена значајна урбана населба во унгарскиот дел на Банат е Ујсегед ("Нови Сегед"), кварт од градот Сегед.

Стопанство

уреди
 
Банатска рамнина
 
Банатски полја

Некогаш Банат бил многу мочуриштен, а кога е исушен, станал едно од најплодните земјишта во Европа. Како и соседна Бачка, Банат е, освен нешто на исток, рамен, но без шума и руда. Жителите се во огромна веќина се занимаваат со замјоделство, па се произведуваат сите видови на жита, особено пченица и пченка. Значајна е и културата тутун и шекерна репка. Лозарството е развиено кај Вршац и Бела Црква. Сточарството исто така е многу важно, но не во онаа мера како порано, кога било главно занимање на жителите. Трговијата е значајна, особено со жито и стока. Индустријата е добро развиена во градовите. Значајна е млинската, а и останатата индустрија, како циглана, шекерната, пиварската, камената, кожната, дрвната, текстилната, керамичката и др.

Најголем град во српскиот Банат е Зрењанин, кој е шести по големина град во Србија (по попис од 2002). Покрај Зрењанин административни и културни центри во Банат се и Панчево, Вршац и Кикинда. Моментално најразвиено стопанство е во Вршац. Во Банат се наоѓаат и најбогатите наоѓалишта на нафта и земјен гас во Србија.

По вредноста на својата земја и положбата помеѓу две пловни реки, среде богати региони, во близина на Белград, со многу културни жители, богат со индустрија и многу значајна трговија, Банат, како регион, зазема значајно место во Србија и Војводина.

Сточарство
уреди

Во Банат има многу пасишта, па пасиштен начин на сточарење е добро развиен. На пространите пасишта околу Чока можат да се видат големи стада наговеда и овци. Шталското сточарство сè повеќе го заменува пасишното сточарство во реоните каде пасиштата се разорани и каде е извршена комасација. Коњарствотое во потесна врска со земјоделството, а мошне развиено е и живинарството. Исто така, на песокливите делови е добро развиено и пчеларството.

Симболи

уреди

Традиционален симбол на Банат е лав, кој денес се наоѓа на грбот на Војводина и грбот на Романија.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. "Школски лист", Нови Сад во 1859 године
  2. Марковић, Јован; Павловић, Мила (1995). Географске регије Југославије (Србија и Црна Гора). Београд: Савремена администрација.
  3. 3,0 3,1 Географске области социјалистичке федеративне републике Југославије, д-р Јован Ђ. Марковић
  4. Попис становништва, домаћинства и станова у 2002, Становништво - књига 1: национална или етничка припадност - подаци по насељима, Република Србија, Републички завод за статистику, Београд, февруари. Банат
  5. Centrul de Resurse pentru Diversitate Etnoculturală

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди