Архивски предизвик 2016

This page is a translated version of the page Archives Challenge 2016 and the translation is 94% complete.
Archives Challenge 2016 People Bulgaria World Etnography Documents Then and Now Order of Saint Alexander Results
„Състезание Архиви 2016“
Архивски предизвик 2016

Архивски предизвик 2016 е меѓународен натпревар кој се однесува на документите произлезени од соработката меѓу Википедијанците од Бугарија и бугарската Државна агрнција „Архиви’, започната во 2012 година.

Досега се дигитализирани повеќе од 6.500 документи, од кои повеќето се фотографии на луѓе, фотографии од Бугарија, фотографии од светот, фотографии поврзани со етнографијата на Бугарија, Македонија и Албанија, и документи. Галеријата „Тогаш и сега“ е посебно интересна, бидејќи учесниците може да најдат по две фотографии од исто место или еден ист објект, подредени во неколку тематски груи. Оваа година постои можност да се додадат координати на даден објект или место.

Најголемиот дел од документите имаат опис на бугарски и на англиски јазик. Благодарение на првиот Архивски предизвик во 2015 година, беа додадени 3.200 нови описи, 268 описи беа изменети, 2.300 категории беа додадени, 597 фотографии беа употребени во статии, и беа откриени 69 фотографии од категоријата „Тогаш и сега“. Фотографиите ги инспирираа учесниците да создадат 94 нови статии (454.000 бајти) на ерменски, српски и бугарски јазик.

Ве повикуваме во иднина да организираме заеднички натпревари со други ГЛАМ проекти, поврзани со архивите низ светот.

Дополнителниот натпревар е поврзан со додавање имиња од списокот на наградени со орденот „Свети Александар“ во соодветните статии. Но, овој дел ќе биде само за учесниците од Бугарија, а овие поени нема да влезат во општиот вкупен број.

Натпреварот започнува во 00:00 (UTC) на 15 ноември 2016 година, и завршува во 23:59 (UTC) на 15 декември 2016 година.

Правила

Победник на овој натпревар ќе биде оној учесник кој ќе собере најголем број на поени. Поени се доделуваат за:

  • Додавање опис на фотографија - 2 поени по јазик
  • Уредување (подобрување и дополнување) на опис на фотографија - 1 поен по фотографија
  • Додавање категории - 2 поени по категорија
  • Додавање фотографија во статија - 5 поени по статија
  • Наоѓање на пар фотографии и нивно додавање во галеријата „Тогаш и сега“ - 5 поени по пар
  • Создавање статија поврзана со фотографија, а која не постоела - 15 поени по статија + 1 поен на секои 1000 бајти
  • Додавање координати - 5 поени

Секој учесник сам си ги впишува поените. Пример:

Учесник Додавање опис
2 бода
Уредување на опис
1 бод
Додавање категорија
1 бод
Додавање фотографии во статија
5 бодови
Додавање фотографии во „Тогаш и сега“
5 бодови
Создавање статија
15+ бодови
Додавање координати
5 бодови
Поени
Име 10 (20 бодови) 5 (5 бодови) 5 (5 бодови) 2 (10 бодови) 2 (10 бодови) 1 (15 бодови + 5 бодови) 2 (10 бодови) 80 бодови

Организатори

Учесници

Запишете се во Резултати.

Изненадување!

Inspired by the wonderful idea from the Asian Month of sending thank-you postcards, we would like to adopt it in the Archives Challenge, too, and express our gratitude for their participation to all challengees who collect at least 500 points from contributions within the challenge.

We will be sending our special postcards with collages of archival and modern photos, featuring identical places in Bulgaria, photographed then and now. And this is not everything. These beautiful Wiki postcards will be delivered to the recipients with the first official Wiki postage stamp, that was launched in Bulgaria, featuring one of the Top 10 selected photos in the national Wiki Loves Earth photo competition in 2016.

We hope that with these tokens of appreciation we will stimulate the motivation in the global wiki community for even wider international participation in the challenge this year.

Корисни алатки

EditDescriptions
Cat-a-lot* Корисно за: Масовно категоризирање / промена на категорија / отстранување на категории од фотографија на Ризницата.
CatScan* Корисно за: Генерирање на взаемни точки на категорија со/без друга категорија, со/без предлошки, именски простор, различни параметри поврзани со големина на бајтови, време на последно уредување, врски, црвени врски, пренасочувања, итн. redirects, etc.
GLAMorous* Корисно за: Проверка за тоа кои фајлови од дадена категорија на Ризницата се искористени во кои проекти
  • Адреса: https://tools.wmflabs.org/glamtools/glamorous.php
  • Пример:
    • Категорија на Ризницата = Wiki Expedition Dimitrovgrad - Dragoman 2015
    • Длабочина на пребарувањето = 2
    • ☑ Прикажи детаљи ☐ Прикажи ограничени детаљи ☐ Само во главниот именски простор
    • Проекти ☑ сите
GLAMify* Корисно за: Како помош на други/помали Википедии да ги искористат овие колекции врз основа на веќе постоечка употреба на овие фотографии на други јазични Википедии.
  • Адреса: https://meta.wikimedia.org/wiki/User:Ijon/GLAMify
  • Пример: Барањето
    # sr; bg; Wiki Expedition Dimitrovgrad - Dragoman 2015 Day 2; Spiritia
    го дава следниот резултат: User:Ijon/GLAMify/2015/10/Wiki Expedition Dimitrovgrad - Dragoman 2015 Day 2 sr bg
  • Како да се користи:
    • Проверува само два јазика наеднаш, и резултатите за
      # sr; bg; ...
      најверојатно ќе се разликуваат од резултатите за
      # bg; sr; ...
    • Ја проверува само категоријата што е дадена како параметар, но не и нејзините подкатегории
    • Повеќе барања се обработуваат.
GeoLocator* Корисно за: Пронаоѓање на гео координатите на објектот
  • Адреса: http://tools.freeside.sk/geolocator/geolocator.html
  • Како се користи:
    • На мапата обележете ја локацијата користејќи [Ctrl+click] или [Alt+click]
    • Обележете го видот на објектот, бирајќи од понуденото во паѓачкото мени
    • Секоја промена на параметрите веднаш води кон промена во автоматското пополнување на "Basic wikipedia/commons templates:": Coord (@ English Wikipedia), Location (@ Commons), Object location (@ Commons)
    • Кликнете врз координатите во посакуваниот формат за да ги копирате на клипборд.