Ризница:Вики го сака фолклорот 2024

This page is a translated version of a page Commons:Wiki Loves Folklore 2024 and the translation is 97% complete. Changes to the translation template, respectively the source language can be submitted through Commons:Wiki Loves Folklore 2024 and have to be approved by a translation administrator.

Shortcut: COM:WLF24

  • Почетна страница
  • 2025
  • 2024
  • 2023
  • 2022
  • 2021
  • 2020
  • 2019


Добре дојдовте на „Вики го сака фолклорот“!

Вики го сака фолклорот на мрежно место Вики го сака фолклорот на Фејсбук {{{Threads}}} Вики го сака фолклорот на Твитер Вики го сака фолклорот на Инстаграм Вики го сака фолклорот на Телеграм Вики го сака фолклорот на Јутјуб Вики го сака фолклорот преку поштенски список

The results for Wiki Loves Folklore 2024 International competition have been declared. Please visit the Results page to see the winning media.
Вики го сака фолклорот

Вики го сака фолклорот е меѓународен фотографски натпревар на Ризницата кој се приредува секоја година со цел документирање на народните култури во разни краишта на светот. Вики го сака фолклорот 2024 е продолжеток на Вики го сака фолклорот 2023 на темата народна култура. Проектот е покренат во 2018 г. кога е одржан натпреварот Вики ја сака љубовта 2019 на темата свечености и празници на љубовта.

Делокруг

Овој фотографски натпревар се задржува на народните култури од различни краишта, од категории како (но неограничувајќи се на) народни танци, народна музика, народни активности, народни игри, народна кујна, народни носии, умотворби, преданија и обичаи: епски стихотворби, приказни, басни, преданија, традиционални песни и танци, народни сценски дела, games, годишни настани, календарски обичаи, народни ракотворби, народни верувања, митологија итн. Можете да погледате некои предлози и примери на страницата „Категории“.

Тематика

Фолклор
Поткатегории

Народна култура по земја, Народна уметност, Кинеско гатање, Народни танци, Европејада, Народни празници, Фолклор, Народни игри, Гавари, Народни ансамбли, Народни волшепства, Етнолошки музеи, Народна музика, Невелинг, Народна вера, Традиционална музика, Традиционални песни, Народно борење.

Награди

Меѓународните награди за „Вики го сака фолклорот“ се следниве:

  • I награда: 400 (американски) долари
  • II награда: 300 долари
  • III награда: 100 долари
  • 10 утешни награди: по 40 долари
  • Награда за најдобро видео и Награда за најдобра звучна снимка: по 50 долари
  • Награда за најплоден подигач на слики: I награда: 300 долари, II награда 150 долари
  • Разгледници „Вики го сака фолклорот“ за најплодните 100 подигачи
  • Благодарници и разгледници за месните приредувачи
(Напомена: Наградите ќе се доделуваат во облик на вредносни картички за големите марки во противвредност на износот во месната валута.)

Рокови

Роковите на натпреварот се следниве

  • 1 февруари – 31 март 2024 г.
  • Почеток: 1 февруари 2024 г. 00:01 ч. (UTC)
  • Краен рок: 31 март 2024 г. 23:59 ч. (UTC)
  • Соопштување на исходот: околу 15 јули 2024 г.

Што не е прифатливо

Не прифаќаме слики и снимки кои:

  • се вон делокругот н аризницата.
  • немаат EXIF-информации.
  • се претерано обработени и дигитално видоизменети.
  • се порнографски или со сексуална голотија.
  • уметнички дела заштитени со авторски права итн.

Контактирајте нè

Можете да ни се обратите на неколку начини:

Што да ни испраќате

Луѓе и народни активности

Народна кујна

Народни танци

Празници

Народна музика

Носии

Уредувачки натпревар

Од 1 февруари до 31 март 2024 г. ќе се одржи натпреварот „Феминизам и фолклор 2024“. Создавајте или проширувајте статии поврзани со феминизмот, биографии за жени и теми на родова тематика за проектот насочен кон родовиот јаз на фолклорна тематика на Википедија. Земете учество сега на вашиот јазик.